Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер го дозна распоредот за шесте натпревари во ракометната ЛЕ

Објавено

на

Вардар на извонреден начин ја започна својата авантура во Лигата на шампионите како единствен македонски претставник во најелитното натпреварување, но од друга страна, Еурофарм Пелистер исто така влегува со големи амбиции во новата натпреварувачка сезона во Лигата на Европа.

Битолскиот тим пред извесно време ги дозна своите противници за групната фаза во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, а денеска беа одредени саатниците за шесте натпревари кои следат во воведот.

– Во зависност од договорот со носителите на ТВ правата за ЕХФ Лига Европа, европската ракометна централа ги одреди саатниците за првите шест натпреварите од групната фаза на натпреварувањето. Еурофарм Пелистер трипати ќе игра на домашен и трипати ќе гостува до крајот на годината и по трипати ќе игра во терминот од 18:45 часот и 20:45 часот.

ЕХФ Лига на Европа – Д група
Распоред на натпревари:
19.10.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021 – 18:45 часот, Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021 – 18:45 часот, АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021 – 18:45 часот, Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021, 20:45 часот, Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021 – 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон

Четири од шест екипи од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во нокаут фазата на ЕХФ Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни