Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го детронизираше Вардар и го освои трофејот во Струга

Објавено

на

Турнирот кој е увертира за новата натпреварувачка сезона во македонскиот ракомет често знае да донесе сериозен набој на емоции, а тоа посебно доаѓа до израз кога во финалето играат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вечното дерби во Македонија беше своевидно завршно сценарио за 52-то издание на струшкиот турнир, со тоа што оваа година трофејот замина во рацете на битолчани.

„Зелено-белите“ имаа повеќе нерви и знаење во клучните моменти, а мора да се напомене дека на моменти се играше и доста грубо, особено во почетната фаза на мечот.

Во такви услови подобро се снајдоа ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои клучната разлика ја направија во последните 10 минути од дербито во кои се влезе со резултат 23:23.

На три минути пред крајот, Пешевски постигна гол за плус два на тимот од Битола, а тоа се покажа како клучен момент за решавање на победникот. На крајот, Еурофарм Пелистер славеше со 29:26 и дојде до 14-та титула на турнирот во Струга, исто колку што има и најтрофејниот македонски клуб Вардар.

При доделувањето на наградите, сите индивидуални признанија заминаа во рацете на играчите на Еурофарм Пелистер, па така Филип Кузмановски беше избран за најдобар играч, Филип Ивиќ за најдобар голман, а Богдан Радивојевиќ за најдобар стрелец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни