Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го декласираше Прилеп пред очите на Алонсо

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер реши да го назначи Раул Алонсо за нов тренер на првиот тим, а шпанскиот стручњак денеска за првпат се запозна со своите нови ракометари, кои имаше можност и да ги гледа од трибините.

Македонскиот првак на домашен терен го пречека Прилеп и не покажа нималку милост кон соседниот ривал, нанесувајќи му тежок пораз со брилијантна игра во вторите 30 минути.

„Зелено-белите“ беа посебно расположение за давање голови и беа блиску до „границата 50“, односно постигнаа точно 46 гола во мрежата на Прилеп.

Резултатот 46:24 најдобро ја изразува големата разлика во квалитет која постои меѓу двата тима, а тоа особено дојде во израз во вториот дел.

Домашниот даде 23, а прими само 8 гола во вториот дел, што беше и пресудно за огромната разлика на семафорот.

За Пелистер ова е деветта победа во 11-от натпревар во Суперлигата, каде досега забележа и по еден пораз од Вардар и Алкалоид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни