Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го декласираше Прилеп и си завери билет во финалето

Објавено

на

Еурофарм Пелистер ја оправда улогата на главен кадидат за игра во финалето уште во првото дерби со Металург, а денеска имаше навистина лесен плен и оствари преубедлива победа над Прилеп.

Битолчани покажаа дека разликата во квалитет е огромна и неспоредлива во овој момент, славејќи со преубедливи 38:17 по одиграни 60 минути на турнирот во Струга.

Избраниците на Хрватот Бабиќ сериозно си ја сфатија работата од самиот старт, а Прилеп беше во егал ситуација само до 3:3, по што следеше едносмерен меч.

Пелистер првиот дел го доби со 18:10, што беше само најава за конечните 38:17 кои се најдобра отслика за тоа што се случуваше на теренот.

Овој триумф значеше и обезбедување на место во финалето за Еурофарм, каде според очекувањата треба да игра против фаворизираниот Вардар во другата група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни