Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ги освои бодовите против незгодниот Охрид

Објавено

на

Еурофарм Пелистер победи на дербито со Охрид (25:27) од шестото коло на македонската машка ракометна лига и останува на делба на второто место на табелата.

Домаќините покажаа зошто котираат високо во досегашниот тек на шампионатот и досега имаа ист ефект со битолчани, па во првото полувреме имаа водство и на пауза заминаа со предност 15:14.

Еурофарм направи серија во вториот дел со која го презема водството, Охрид ја одржуваше неизвесноста, но до крајот не успеа да ја стопи негативата за конечни 25:27.

Периќ со 7 и Табоада со 6 голови беа најдобри реализатори во редовите на Еурофарм Пелистер, додека кај Охрид, Шилегов и Додиќ реализираа по 6 погодоци.

Актуелниот вицепрвак стигна до петтата победа сезонава и има три бода помалку од лидерот Вардар, додека Охрид сега заостанува шест бодови зад „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни