Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер ги освои бодовите и против силниот ГОГ

Објавено

на

Еурофарм Пелистер мораше да игра без Стипе Мандалиниќ, но оствари нова победа во ракометната Лига Европа, совладувајќи го дански ГОГ со 32:31 на домашен терен.

Првото полувреме донесе предност од три гола за битолчани при резултат 6:3, но ГОГ не дозволи поголема негатива, а со серија голови успеа да стигне и до предност 8:10. До паузата остана резултатската неизвесност, а Еурофарм имаше еден гол негатива (15:16).

Второто полувреме започна во знакот на ГОГ кој ја одржуваше предноста некаде до средината на оваа делница од средбата, по што Еурофарм Пелистер го подигна темпото, па откако поведе со 23:22, не ја испушти предноста до самиот крај.

При резултат 32:31, нашиот претставник на реализираше напад и му даде шанса на данскиот тим да извлече реми, но со добра игра во одбраната, избраниците на Жељко Бабиќ ја задржаа минималната предност и стигнаа до четврта победа по ред во групната фаза на ракометната Лига Европа.

Мараш со 8 и Периќ со 7 голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм, додека кај ГОГ, во чии редови настапуваат неколку дански репрезентативци, најдобар реализатор беше Јакобсен со 11 голови.

Со оваа победа, Еурофарм го презема второто место во групата со 9 бодови, а пред нашиот претставник е само Рајн-Некар Левен со 13 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни