Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер ги доби противниците во групната фаза на Лига Европа

Објавено

на

Еурофарм Пелистер ги дозна противниците во групата од ракометната Лига Европа, а денешната ждрепка одлучи да добие противници од Франција и Унгарија.

Македонскиот вицепрвак ќе има пет противници, а меѓу другите ќе се соочи со француски Ним и Татабања од Унгарија, екипа која влегува во групата од првиот шешир на ждрепката.

Во групата Д се најдоа и Спортинг од Португалија, Кадетен Шафхаузен од Швајцарија и грчки АЕК.

Натпреварите започнуваат на 19. октомври, а четирите најдобри екипи ќе се пласираат во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни