Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер е вториот финалист во ракометниот куп

Објавено

на

Еурофарм Пелистер оствари убедлива победа над Бутел (38:23) во второто полуфинале на македонскиот ракометен куп и ја најави новата пресметка со Вардар.

Битолчани без проблеми доминираа во „Автокоманда“, на полувреме имаа седум голови позитива (16:9), а истата беше зголемена до крајот на средбата.

Најефикасни во редовите на победничката екипа беа Маџовски со 7, односно Мандалиниќ и Периќ со 6 голови, додека кај РК Бутел, Трифковиќ и Младеновски постигнаа по 4 голови.

Претходно, Вардар го совлада Металург со 27:22, па очекувано во финалето ќе се сретнат двете најквалитетни македонски екипи во моментов.

Финалето е закажано за во сабота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни