Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер договори засилување од Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер активно работи на формирање на што подобра екипа за наредната сезона, па така по ангажманите на Марко Кизиќ и Немања Обрадовиќ договорен е Реиние Табоада.

Табоада е репрезентативец на Куба кој во Битола доаѓа од францускиот тим Данкерк. Табоада има 23 години, висок е 192 сантиметри и може да ги покрие позициите среден и лев бек.

Сезонава во францускиот шампионат има настапено на 24 натпревари и постигнот 68 погодоци (2,83 гола по натпревар). Кога е пак во прашање целата негова кариера во Франција има 66 натпревари и 164 гола (2,48 гола по натпревар).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни