Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер 2 е последниот патник во ракометниот плејоф

Објавено

на

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го добија директниот дуел со Прилеп (16:23) и го освоија третото место на табелата, кое носи во следната плејоф фаза на македонското ракометно првенство.

Три екипи се бореа за третата позиција во Б групата, но триумфот на битолчани ги реши дилемите и тие го задржаа местото кое го имаа и пред ова последно и решавачко коло.

Тиквеш денеска го победи Работнички како гостин (29:31), но тоа беше доволно за овој состав да избори плејоф, додека Металург загуби од Бутел во уште една гостинска победа, овој пат изразена со резултат 23:31.

На крајот на групата, Металург остана на првото место пред Бутел и Еурофарм Пелистер 2, па овие три екипи им се приклучуваат на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Струга и Тинекс Пролет во следната плејоф фаза од македонскиот шампионат.

Плејофот и плејаутот во кој се најдоа сите останати екипи ќе започнат во февруари 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни