Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел поведе во полуфиналната серија со Работнички

Објавено

на

Еуро Никел го победи Работнички на гостувањето во Скопје (66:68) и поведе во полуфиналната серија од македонскиот кошаркарски плејоф.

По катастрофалното прво полувреме и за двете екипи (28:30), кавадарчани влегоа одлично во третиот период кој го добија со 8:23 и на стартот на последната десетминутна етапа имаа предност 36:53.

Еуро Никел стигна и до плус 20 во 31. минута, но потоа следуваше голем камбек на Работнички, кој во финишот ја врати резултатската неизвесност.

На 14 секунди до крајот резултатот беше 64:66, но Еуро Никел не ја испушти предноста и на крајот славеше со 66:68, за предност од 1:0 во серијата со Работнички.

Рикиќ со 17 и Мијатовиќ со 14 поени биле најдобри поединци во редовите на Еуро Никел, додека кај Работнички Бундовиќ реализираше 21 поен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни