Еуро Никел и Кожув се враќаат со победи од Скопје

Petrovski

Кошаркарите на Еуро Никел и Кожув ги остварија своите амбиции на денешните гостувања во Скопје, победувајќи ги екипите на Академија ФМП и МЗТ Уни Банка.

Кожув славеше против вториот тим на МЗТ со убедливи 78:101, во натпревар на кој најдобар реализатор на гостите бил Пејн со 25 поени, а со кој гевгеличани стигнаа до деветтата победа сезонава.

Ист учинок има и Еуро Никел, составот кој денеска славеше над Академија ФМП (59:68), потврдувајќи ја улогата на фаворит.

Каплановиќ со 23 поени бил најдобар реализатор во составот предводен од Горан Самарџиев, додека кај ФМП, Блантон реализирал 13 поени.

Facebook Коментари