Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел ја пронајде замената за Рикиќ, договори и Американец

Објавено

на

Македонскиот вицешампион, Еуро Никел продолжува да ја составува екипата за новата сезона, па така најновте информации се дека се договорени двајца играчи.

Клубот од Кавадарци одлучи да го замени центарот Роберт Рикиќ (се пресели во МЗТ Скопје) со 28-годишниот Обрад Томиќ.

Томиќ веќе со години настапува на Балканот, па така освен во родната БиХ има играно во Словенија, Бугарија и Србија каде беше дел од Партизан.

Второто ново име е Џордан Калахан на кого Македонија му е добро позната затоа што минатата сезона настапуваше за Пелистер. Американецот одлучи да ја прифати понудата на Еуро Никел и ќе биде значаен адут на тренерот Самарџиев.

Досега Еуро Никел го задржа Дарко Соколов, а ги договори уште Ивица Димчевски од Гостивар, Бранислав Ѓекиќ од Куманово и Тео Атанасов од ФМП.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни