Еуро Никел излезе како победник од драмата во Битола, лесни триумфи за Кожув и Куманово

euro nikel

Екипата на Еуро Никел ја забележа најдраматичната победа на денешните средби во првата македонска лига и тоа на гостувањето кај Пелистер во Битола.

Гостите го добија првото, а домаќините второто полувреме што во овој случај значеше нерешен резултат 78-78 по 40 минути по што мораше да се игра продолжение за да се добие победникот. Во дополнителните 5 минути подобро се снајдоа израбниците на Самарџиев кои славеа со 10-4 за конечни на крајот 88-82.

Каплановиќ со дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 скокови беше прво име кај победникот, додека на спротивната страна се издвои Казарновски со 31 кош.

Ритински победи пак прокнижија Куманово и Кожув, првите го добија ФМП со 97-71, вториот пак пред своите гледачи го решија Вардар со 87-65.

Facebook Коментари