Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел и втор пат го совлада Работнички и се чекираше во финалето на плеј-офот

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Еуро Никел е првиот финалист во плеј-офот од макеонскиот шампионат откако во неизвесен натпревар славеше против Работнички со 88:87.

Ова е втора победа на Еуро Никел против тимот од Градски Парк откако пред неколку дена го добија и гостинскиот натпревар и ја добија серијата со 2-0, па си обезбедија пласман во финалниот натпревар.

Домашниот тим имаше контрола врз натпреварот повеќе од 30 минути, но потоа Работнички опасно се доближи и дури имаше шанса и да ја однесе победата, но најдобриот поентер на средбата, Питс не го реализираше последниот напад на скопјани.

Токму Питс беше најефикасен на теренот со 31 постигнат поен, додека Соколов и Дубински одиграа одличен натпревар во Еуро Никел запишувајќи 18 односно 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни