Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел го „украде“ Ѓекиќ од Куманово

Објавено

на

Некогашниот член на Партизан, Бранислав Ѓекиќ е нов член на македонскиот прволигаш Еуро Никел.

Ѓекиќ во изминативе сезони во неколку наврати настапуваше во Куманово, па тимот од Кавадарци имаше можност да се увери во неговите квалитети и да го донесе во своите редови за натпреварувачката 2021/2022.

Бранислав ги покрива позициите четири и пет, а во досегашната своја кариера освен во Македонија и Србија има настапувано во Словенија и Босна и Херцеговина.

Инаку Ѓекиќ веќе има играно за Фени Индустри (сега е Еуро Никел) што значи дека многу добро му е позната старо-новата средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни