Поврзете се со нас

Македонија

Еуро Никел го совлада Гостивар и си закажа куп полуфинале со Работнички

Објавено

на

Кавадаречкиот Еуро Никел е третиот четвртфиналист во кошаркарскиот Куп на Македонија откако го совлада тимот на Гостивар со 84:75.

Кавадарчани беа доминантни во три од четирите четвртини и во ниту еден момент не дозволија да биде доведено во прашање името на победникот и патникот во полуфиналето на купот.

Еуро Никел во одреден период имаше и огромни 30 поени предност пред Гостивар кој во последната четвртина успеа да ја преполови негативата, но не можеше да направи чудо и да ја стигне огромната предност на тимот од кавадарци.

Во претходните два четвртфинални натпревари, Работнички беше подобар од ТФТ, додека пак Академија ФМП го шокираше Пелистер и сега во полуфиналето го чека подобриот од средбата помеѓу МЗТ Скопје и Куманово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни