ЕУРО 2020 ќе биде отворено во Рим, Брисел остана без планираните натпревари

trofej-Euro2020

Европската фудбалска федерација денеска ги прецизираше деталите поврзани со натпреварите кои ќе се играат на Европското првенство во 2020 година, кое ќе биде специфично поради фактот што средбите ќе се играат во повеќе градови од различни земји.

Отворањето е закажано на стадионот „Олимпико“ во Рим, додека од претходно се знаеше дека полуфиналните средби и финалето ќе се играат на „Вембли“ во Лондон. Наместо три, на „Вембли“ ќе се играат дури седум натпревари и тоа откако денеска Извршниот комитет на УЕФА го исфрли Брисел на списокот домаќини поради тоа што навреме не ги исполни условите кои беа барани од организаторот. Четирите натпревари (три во група и едно осминафинале) планирани за белгиската престолнина сега се префрлени на „Вембли“.

УЕФА ги одреди домаќините и на натпреварите во групите:

А (Рим и Баку)
Б (Санкт Петербург и Копенхаген)
Ц (Амстердам и Букурешт)
Д (Лондон и Глазгов)
Е (Билбао и Даблин)
Ф (Минхен и Будимпешта)

Facebook Коментари