Поврзете се со нас

Репрезентација

Еуфорија во соблекувалната, Мукаетов ги пофали ракометарите за залагањето (Фото)

Објавено

на

Нашите најдобри ракометари ја совладаа Чешка и обезбедија место на следното Светско првенство, а и вечерва Кире Лазаров и неговите избраници беа наградени со одлична поддршка од фановите во салата во СЦ „Борис Трајковски“ и целата домашна јавност.

Триумфот над традиционалниот ривал не беше убедлив, но не е помалку сладок, а нашите репрезентативци со право еуфорично ја прославија победата на теренот, но и потоа во соблекувалната.

Емоциите не ги криеше ниту претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, кој и овојпат славеше заедно со ракометарите.

Претходно РФМ најави премија за ракометарите за пласман на СП, па тие заслужено ќе ги добијат ветените 50.000 евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни