Поврзете се со нас

Свет

Ето знае кој ќе биде наследникот на Меси: Тој ќе биде најдобар во наредните 15 години

Објавено

на

Вчерашниот избор на Лионел Меси за најдобар играч на светот донесе многу коментари, реакции затоа што дел од јавноста смета дека „Златната топка“ не требало да заврши во неговите раце.

Меѓутоа различни мислење, ставови имало и ќе има, па така и е во овој случај кој според легендариот Самуел Ето се е чисто и Аргентинецот го добива признанието кое го заслужува.

-Во фудбалот има различни мислење. Се сеќавам во 2010 година, многумина мислеа дека други треба да ја освојат. За нас е фер Лео да победи бидејќи тој е најдобриот играч на светот и кога си најдобар мораш да победуваш секој ден. Имам привилегија да бидам еден од неговите пријатели.

-Луѓето велат дека не сум објективен, но Лео заслужува се што е убаво на овој свет, па јас сум среќен за него, за тоа што го придонел, што придонесува и што ќе придонесе. Сега кога ја има седмата, се надевам дека ќе стигне до осмата, -вели Ето кој воедно смета дека Килијан Мбапе ќе доминира во наредните 10-15 години.

-Тој пристигна во добар момент, кога Меси и Кристијано, боговите на фудбалот се на залезот на кариерите. Се надевам дека ќе биде најдобар во следните 10 или 15 години. Тој има сè за да биде овој уникатен играч што му треба на фудбалот по овие две чудовишта, -рече Камерунецот за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни