Поврзете се со нас

Свет

Ето за тоа кој е најдобриот африкански фудбалер на сите времиња: Тука нема дебата…

Објавено

на

Самуел Ето нема никакви дилеми кога се работи на прашањето кој е најдобриот африкански фудбалер на сите времиња.

Неодамна поранешниот напаѓач на Ливерпул, Ел-Хаџи Диуф истакна дека тој е најдобриот напаѓал кој излегол од тој континент, а кога се води дебата секогаш тука се споменува и асот од Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба.

На ова свој одговор даде екс членот на Барселона, Реал Мадрид, Интер и Челси, Ето кој директно порача:

-Дури и ако мојот брат Диуф последниот пат со дополнителна чаша малку се изгуби, нема никаква дебата. Никој од нив [Диуф и Дрогба] не може да дојде и да каже дека тие беа на мое ниво или подобри. И не е факт затоа што јас го кажувам, тоа е факт, тоа е нешто што постои. Сакав да бидам број еден и сум бил низ целата кариера, -порача Самуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни