Поврзете се со нас

Шпанија

Ето за најдобриот тренер во кариерата: Тоа што сега го прави Пеп, јас го научив со друг пред 20 години!

Објавено

на

Самуел Ето имаше ѕвездени моменти во Барселона и важеше за еден од најпосакуваните напаѓачи во светот, а дека стануваше збор за голгетер кој има посебен квалитет, најдобар доказ е тоа што триумфираше и во Интер по трансферот од „Камп Ноу“.

Легендарниот Камерунец освои се што можеше да се освои со Пеп Гвардиола во Барселона, истото го направи и со Жозе Мурињо во Интер, но сепак за него најдобар тренер со кој соработувал е легендарниот Луис Арагонес кој за жал повеќе не е меѓу живите.

Незаборавниот шпански стручњак ја освои историската Европска титула со „црвената фурија“ и ја стартуваше фудаблската доминација на Шпанците, но пред да го направи тоа, се докажуваше на клупски план во Атлетико Мадрид, но и во Мајорка каде му беше тренер на Ето.

Самуел тврди дека Арагонес е на врвот на неговиот пидестал, бидејќи актуелните работи кои ги сметаме за иновации од Пеп Гвардиола, тој ги практикувал уште пред 20 години.

– Пеп одбележува една ера во фудбалот, работи на свој начин и на сите кои го сакаме фудбалот ни се допаѓа тоа. Сепак, за да освоите титули, потребен е и факторот среќа, што тој го нема во Лигата на шампионите. Мене најважно ми е тоа што тој ги спроведува своите идеи и се држи до нив.

– Сепак, никој не е како Арагонес. Тоа што Пеп го прави денеска, Луис го правеше пред 20-тина години во Мајорка и тоа беше неверојатно. Не можевме да поверуваме во неговото знаење и методи, се чудевме како тој дедо толку многу знае за фудбалот, – вели Ето во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни