Светски првенства
Ето верува во чудо: Камерун може да ја освои титулата на СП

Прославениот африкански напаѓач и сегашен прв човек на фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето верува дека неговите сородници можат да ја освојат титулата на Светското првенство кое годинава се игра во Катар.
Ова за Камерунците ќе биде осми настап на мундијалите, а во групната фаза ќе ги одмерат силите со Бразил, Србија и Швајцарија.
-Не гледам зошто да не можат да го освојат. Верувам дека за да го освоите Светското првенство не треба да бидете чудовишта или вонземјани, потребна ви е добра подготовка, силен менталитет и малку лудост. Победував во кариерата, дадав се од себе тоа да го направам.
-Секогаш го земам Интер како пример: никој на почетокот на сезоната 2009-10 не мислеше дека можеме да ја освоиме [Лигата на шампионите] и наместо тоа, Мурињо направи нешто лудо, со група мажи и воини. Би сакал такво нешто и за Камерун, -порача Ето.
-
Македонијапред 13 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 21 час
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 18 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 20 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 11 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Македонијапред 13 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!