Поврзете се со нас

Италија

Ето со поддршка до подзаборавената ѕвезда: Тој е различен играч и може да биде „џокер“ за Интер

Објавено

на

Џорџо Кјелини е зачуден од фактот што сите фудбалски аналитичари го отишаа Интер од битката за титулата за Скудетото и покрај тоа што има уште многу за игра, изјава на која сега се надоврза и легендарниот Самуел Ето, но од една друга перспектива.

Поранешниот голгетер на „нераѕурите“ во историската сезона на клубот смета дека Антонио Конте може да добие сензационален „џокер“ во продолжението од сезоната, и тоа во играчот кој јавноста го подзаборави во изминатите 12 месеци.

Во своето обраќање за „CDF Noticias“, Ето посебен акцент стави на Алексис Санчез, фудбалерот на Манчестер Јунајтед кој инаку игра на позајмица во Интер. Чилеанецот немаше воопшто среќа до паузата поради коронавирусот и повредите го оневозможија да се наметне како ѕвезда на Интер, но Ето типува дека тој може да направи сериозна разлика во тимот од „Џузепе Меаца“.

– Алексис беше многу несреќен оваа сезона поради повредите. Сепак, квалитетот кој го поседува не се доведува во прашање, за тоа не треба да има дискусија.

– Тој е играч кој може да направи разлика во секој тим, во секое време на теренот. Тој е поразличен напаѓач од другите, има посебни движења и може да биде убиствен еден на еден. Тој може да биде „џокер“ за Конте. За мене сосема нормално е што му треба време да се врати на своето најдобро ниво. Пристигна во Интер во ситуацијта кога не добиваше шанса во Јунајтед. Санчез има поразлични квалитети и може да биде многу важен за Интер, – нагласи Ето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни