Поврзете се со нас

Свет

Ето разочаран од изборот на „дрим-тимот“: Какво непочитување! (Фото)

Објавено

на

„Франс Фудбал“ уште пред крајот на минатата сезона во Лигата на шампионите најави дека оваа година нема да се доделува „Златната топка“, па поради тоа, во изминатиов период угледниот магазин е актуелен со тоа што го избира „дрим-тимот“ од играчи кои биле номинирани за најпрестижното признание.

Изминатите десетина години, изразена е доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои заедно освоија вкупно 11 „Златни топки“, ера пред која на сцената посебно доаѓаа до израз играчи како Роналдињо, Кака, Канаваро, па и Ето кој освои голем број титули со Барселона.

Токму Камерунецот е човекот кој искажа последен револт за последниот избор на „Франс Фудбал“, бидеј францускиот магазин го смести Ето во листата на најдобрите десни крила.

Ето не може да поверува дека одговорните лица ги земале во предвид првите две сезони во кои играл како крило, а не останатите 25 во кои беше централен напаѓач.

– Ви благодарам, но јас игравм само една и пол сезона на десната страна. Останатите 25 години од мојата кариера бев централен напаѓач. Какво непочитување!, – порача Ето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни