Ето откри каков луксуз си дозволувале со Роналдињо под водство на Пеп: До толку бевме доминантни, што…

eto-roni

Самуел Ето се најде во центарот на вниманието за време на фудбалскиот самит во Доха кој се одржа во текот на вчерашниот ден, бидејќи преку своето долго обраќање, откри неколку интересни анегдоти кои ја одбележале неговата фудбалска кариера која тој самиот пред извесно време ја заврши.

Легендарниот Камерунец во своето обраќање јасно стави до знаење дека сериозно размислува на опцијата да стане фудбалски тренер, пред се поради тоа што во својата кариера имаше можност да учи од навистина неверојатни фудбалски стручњаци, започнувајќи од Луис Арагонес, па се до Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.

Ето го стави неповторливиот Арагонес на прво место и објасни зошто тој е најважниот човек во неговата кариера, но не штедеше пофалби ниту за Гвардиола за кого сепак нагласи дека повеќе го почитува како тренер, отколку како човек. Во својата анализа за поранешниот соработник од Барселона, Ето посочи дека Гвардиола е неверојатен перфекционист кој сите детали им ги објаснува на фудбалерите на најдобар можен начин, па поради тоа, со Роналдињо имале луксуз да си даваат необични предизвици пред да излезат на теренот.

– Пред да излеземе на теренот, со Роналдињо знаевме да си кажеме: Денеска ќе се натпреваруваме и ќе видиме кој ќе продаде повеќе „тунели“. Бевме до толку доминантни, што знаевме дека ќе победиме уште пред да излеземе на теренот, – порачува Ето.

Facebook Коментари