Поврзете се со нас

Италија

Ето откри како потпишал за Интер: Такво нешто ми се немаше случено во животот

Објавено

на

Трансферот на Самуел Ето од Барселона во Интер во 2009-та година беше посебно коментиран 10 месеци подоцна, откако Камерунецот заедно со своите соиграчи предводени од Жозе Мурињо ја елиминираа моќната Барселона предводена од Пеп Гвардиола која беше бранител на титулата во Лигата на шампионите.

Интер го исфрли каталонскиот гигант и во продолжение го освои трофејот во најелитното натпреварување, а воедно ја комплетираше и незаборавната триплета која направи Португалецот и сите играчи од таа генерација да имаат посебно место во историјата на клубот од Милано.

Ето мина само две години во Интер и најголемите успеси ги оствари во првата соработувајќи со Мурињо, па десет години по вонсерискиот успех, легендарниот напаѓач откри како Жозе и Матераци го убедили да им се приклучи на „Џузепе Меаца“.

– Матераци стана мој брат уште пред да потпишам за Интер. Ми стигна порака, „ако дојдеш во Интер, ќе освоиме се“. Го немав тој број во мојот именик и го прашав Албертини за кого се работи. Ми кажа дека бројот е на Матераци, такво нешто никогаш претходно ми се немаше случено во животот. Неговата порака имаше огромно влијание во мојата одлука, – открива Ето за „Газета“ и додава.

– Што се однесува од Мурињо, тоа беше многу едноставно. Ми прати дрес со бројот „9“ и ми порача. Ова е твојот број, те чекаме, – се надополни Камерунецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни