Поврзете се со нас

Шпанија

Ето: На 24. октомври очекувам голем пресврт во сезоната на Барселона!

Објавено

на

Годинешното издание на „Фестивал дело спорт“ во Тренто одново собра многу познати имиња на едно место, но во низата на италијански легенди кои даваа изјави, се надоврзаа и многу интернационални ѕвезди кои зборуваа за актуелните теми и интересни прашања.

Самуел Ето беше гостин во текот на денешниот ден и воглавно говореше за ситуацијата во која се наоѓа Барселона, тим поради кој вели дека во последно време навистина страда додека ги гледа нивните натпревари.

Незаборавниот камерунски напаѓач ја носи Барса во своето срце, а според своето искуство, смета дека може да дојде до голем пресврт во сезоната доколку тимот на Роналд Куман го победи Реал Мадрид на „Ел Класико“ дербито кое се игра на 24-ти овој месец на „Камп Ноу“.

– Во последно време, навистина многу страдам додека ја гледам Барселона. Ова се тешки денови за сите нас, за сите фанови на Барса. Сепак, јас секогаш се обидувам да гледам позитивно.

– Сега следи „Ел Класико“ дерби. На 24-ти октомври, фановите ќе одат да гледат натпревар кој може да биде огромна инјекција за каталонците. Овојпат фановите нема да одат да ги гледаат Меси и Роналдо, ќе одат да го гледат клубот кој им е во срцето. Барселона започна лошо, но натпревар против Реал е уникатен и може да се случи пресврт во сезоната на овој натпревар. Играчите треба да го искористат тоа, победа над Реал може да вреди шест бодови, – потенцира Ето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни