Поврзете се со нас

Шпанија

Ето: Мбапе треба да заборави на Реал Мадрид и да оди во…..

Објавено

на

Самуел Ето пред една седмица порача дека суперталентираниот Мукоко треба да биде замената за Лионел Меси во Барселона, но легендарниот камерунски напаѓач привлече внимание и со својата последна изјава која ја даде за италијанските медиуми.

Незаборавниот голгетер кој своите најдобри денови во кариерата ги мина во Барселона редовно ги следи случувањата во шпанскиот фудбал, па како амбасадор на Ла Лига, непристрасно и без влакна на јазикот говори за сите случувања на „Камп Ноу“.

Камерунецот е свесен дека клубот полека треба да почне да работи на создавање на нови ѕвезди кои во иднината би го воделе тимот до големи успеси, но истовремено е свесен дека треба добро да се делува и на трансфер пазарот.

Ето не крие дека е посебно воодушевен од квалитетите кои ги презентира Килијан Мбапе, фудбалер кој тој смета дека би бил перфектен за Барселона, а не за Реал Мадрид со оглед на тоа што во каталонскиот гигант се отвора повеќе празнина за истакнување во ситуација кога Гризман и Дембеле се во ужасна форма.

– Мбапе треба да заборави на Реал Мадрид, тој треба да оди во Барселона, таму ќе добие комплетна слобода за игра, – вели Ето за „Тутомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни