Ето го посочи клубот во кој Салах треба да се пресели во иднина: Ако има шанса…

salah

Самуел Ето дефинитивно е еден од најдобрите африкански играчи на сите времиња, играч кој остави голема трага во Европа играјќи во многу квалитетни тимови и притоа оставајќи го срцето на теренот и давајќи многу голови.

Сега еден од најквалитетните играчи од Африка дефинитивно е Мохамед Салах кој веќе неколку сезони игра на навистина високо ниво особено во дресот на Ливерпул со кого годинава ја освои ЛШ. Нормално по една такви настапи има интерес од останатите клубови, па нема да биде изнеадување ако во следните години го видиме во друга средина.

Тој беше поврзуван со Реал Мадрид, но според легендарниот Ето репрезентативецот на Египет треба да почека и да се пресели во Барселона.

-Барселона е подобра опција за него. Реал ми обозможи да ја напуштам Африка, ама го знам стилот на Барселона и мислам дека ќе бидат подобро решение за него. Ако има шанса да игра во најдобрата лига на светот кој е шпанската, мора да потпише за Барселона. Мо има се за да биде еден од најдобрите на светот, -порача Камерунецот.

Facebook Коментари