Поврзете се со нас

Свет

Ето го издвои најдобриот играч на сите времиња: Тој, па сите останати…

Објавено

на

Легендарниот камерунски напаѓач и поранешен фудбалер на Барселона, Интер, Челси.. Самуел Ето го откри името на според него најдобриот напаѓач на сите времиња

Камерунецот смета дека бразилскиот ас, Роналдо  е најдобриот фудбалер на сите времиња, а сите останати се далеку зад него.

– Најдобар на сите времиња е Роналдо, Ел Феномено. За него имам голема почит и сите останати се далеку зад него, а меѓу нив сум и јас.

– Денес најдобар е Лионел Меси, тука е и Мбапе кој е се подобар и мислам дека во наредните години ќе го обележи светскиот фудбал.

Самуел Ето кој има навистина богата интернационална кариера меѓу другото посочи дека тој  спаѓа во групата најдобри африкански играчи на сите времиња.

Во својата кариера камерунскиот фудбалер ги носеше и дресовите на Реал Мадрид, Мајорка, Евертон, Сампдорија, Челси, Анжи, Анталијаспор и Коњаспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни