Поврзете се со нас

Свет

Ето го именуваше најдобриот напаѓач во светот: Луѓето можат да дебатираат, но едно име е на врвот

Објавено

на

Самуел Ето направи интервју за угледниот „АС“ од светскиот фудбалски самит кој се одржува во Мадрид, обраќање при кое легендарниот камерунски напаѓач опфати повеќе теми кои се актуелни во светскиот фудбал.

Ето признава дека тој не може да даде предлог за како би се решил комплицираниот проблем со кој се соочува Барселона, но кога беше запрашан да го избере најдобриот светски напаѓач во овој момент, Камерунецот немаше дилеми.

– Реал Мадрид може да биде среќен што се уште го има најдобриот напаѓач во светот. За мене тоа е Карим Бензема. Луѓето можат да дебатираат, да издвојуваат едно или друго име, но за мене Карим е на врвот. Со него во тимот, Реал може да се бори за сите трофеи оваа сезона. Реал секогаш е Реал, – вели Ето кој призна дека има и фаворит кога се во прашање двете најголеми млади ѕвезди во светскиот фудбал.

– После двата монструми Роналдо и Меси, ќе добиеме нови играчи на фудбалската сцена. Сите сакаме Роналдо и Меси да потрајат уште некое време, но тие веќе се во поодминати години и доаѓаат други момчиња. Лидер на тие момчиња е Мбапе.

– Вистински ѕвер е и Халанд, но Килијан е Килијан, за мене тој е играчот кој ќе прави главна разлика на терените, – заклучува Ето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни