Поврзете се со нас

Шпанија

Ето: Ако Чави не ја врати Барселона, тогаш никој не може тоа да го направи

Објавено

на

Барселона се одлучи за промена на тренерската позиција, а за наследник на Роналд Куман беше именуван Чави Ернандес, уште една голема легенда на клубот од „Камп Ноу“.

Пред Чави е тешка задача да ја врати Барселона на старите патеки, да го врати победничкиот дух, играта по која беше препознатлива со години и беше нерешлива енигма за противникот. Ако на ова се додаде дека клубот има и финансиски проблеми тогаш повеќе од јасно е каков предизвик е ова за Шпанецот, човекот кој остави длабока трага како играч.

Меѓутоа Ернандес кажа „да“ и веќе на првите мечеви се забележува одредена промена и останува да се види како ќе се развива оваа приказна во иднина. Секако има разни коментари, анализи, прогнози за тоа во кој правец би можеле да се движи Барса, па на оваа тема својот став го кажа и славниот Самуел Ето.

-Му ја посакувам сета среќа на светот. Барса минува низ одредена ситуација и мислам дека идеална личност да ја подигне е Чави, Машината. Има фактор на среќа што е таму и се надевам дека ќе го придружува за Барса повторно да постигне успех. Ако Чави тоа не го направи, никој не може да го направи, -порача Камерунецот за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни