Поврзете се со нас

Балкан

Етеми влезе и запиша клучна асистенција, Истанбулспор му нанесе уште еден удар на тимот на Пирло (ВИДЕО)

Објавено

на

Ваљон Етеми поради повреда не беше дел од составот на Македонија на дуелите против Бугарија и Грузија во Лигата на нации, но офанзивецот закрепна и денеска одигра важна улога во големата победа на неговиот Истанбулспор против Карагумрук.

Домашниот тим предводен од италијанската легенда Андреа Пирло важеше за фаворит на оваа средба и по првиот дел водеше со 1-0. Меѓутоа работите се променија по паузата, па така Роча во 69 минута го израмни резултатот и донесе нова енергија.

Во 72 минута нашиот Етеми влезе во игра по што во 74 мајсторски асистираше до Топали за целосен пресврт и воедно три бода на овој натпревар.

Ова дефинитивно е уште еден удар за Пирло кој има слаби резултати со Карагумрук, односно по 7 кола има остварено само една победа и со 6 бода е на 14 позиција на табелата.

Етеми пак има 2 гола и 1 асистецнија во оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни