Лига на нации
Етеми по дебито за Македонија: Многу сум задоволен, ова е круна на сезоната

Македонската сениорска репрезентација го потврди статусот на фаворит и издвојува сигурна победа над Гибралтар од 4-0 во рамките на четвртото коло во Лигата на нации.
Момците на Благоја Милевски имаа фуриозни 30 минути во кои дури четири пати ја начнаа мрежата на гостите што на крајот се покажа како конечен резултат. Убедливото водство овозможи неколку играчи да дебитираа во националниот тим, а еден од нив беше Валон Етеми.
Етеми имаше одлична сезона со Истанбулспор каде беше меѓу најзаслужните што оваа екипа обезбеди место во првата лига, па воден од таа енергија имаше забележителни минути за Македонија или поточно покажа дека може да биде сериозна опција во иднина.
-Забележивме убедлива победа, тоа е најважно. Можам да кажам дека сум задоволен од своето деби за националниот тим, ова е како круна за одличната сезона за мене во која со Истанбулспор изборивме пласман во првата лига на Турција.
-Ќе направиме се да ја радуваме публиката и во иднина. Секако ќе беше убаво на крајот и со гол да се радувам, но триумфот е најважен за враќање на самодовербата, -порача Етеми кој ја затресе рамката од голот на Гибралтар.
-
Светпред 16 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Англијапред 15 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Германијапред 23 часа
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
Италијапред 19 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Мото ГПпред 16 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)