Поврзете се со нас

Балкан

Етеми асистент за победа на Истанбулспор во 98 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Валон Етеми одигра значајна улога во драматичната победа на Истанбулспор над Ејупспор во 35. коло во втората лига на Турција.

Гостите по една луда завршница се изборија за славје од 2-1, а во истото Етеми ја имаше улогата на асистент при голот за три бода на Јесил во 98 минута. Домаќините тргнаа на се или ништо, па се отвори контра за Истанбулспор која Валон ја заврши со клучна асистенција за погодок вреден три бода.

Инаку оваа средба до 81 минута немаше ниту еден погодок, меѓутоа Диба го отвори резултатот и почна вистинска драма. Во 88 минута Олого израмни на 1-1 за да во 92 минута гостите останат без играч помалку на теренот затоа што во соблекувалната беше испратен Сарикаја.

Сепак тоа не му пречеше на Истанбулспор да собери сили и забележи триумф во кој главен збор имаше нашиот Етеми за кого ова беше осма асистенција, а зад своето име има и шест голови.

Волон и компанија со 57 бода се на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни