Естудијантес ја продлабочи кризата кај Хувентуд и Димитријевиќ

dimitrijevic

Естудијантес како гостин славеше над Хувентуд со 96-93 во АЦБ лигата со што ја продолабочи кризата во тимот од кој дел е нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Ова за Нено и компанија беше осми пораз во низа во ова натпреварување, па со учинок од 4 победи и 15 загубени средби се наоѓа на последното место на табелата. На клубот од Каталонија денеска не му беа доволни ниту Лапровитола и Џордан кои постигнаа по 20 поени, додека пак Димитријевиќ доби само 10 минути на теренот за кои уфрли два поени со еден скок.

Следната рунда за Хувентуд носи незгодно гостување кај МораБанк Андора, поранешниот тим на Војдан Стојановски.

Facebook Коментари