Поврзете се со нас

Европски првенства

Естонија пружи силен отпор, Македонија го имаше последниот збор за победнички старт на квалификациите за ЕП

Објавено

на

Македонската сениорска ракометна репрезентација оствари победа над Естонија од 37-33 на стартот на квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година е закажано за Данска, Шведска и Норвешка.

Ова е натпревар во кој ќе ја паметиме само победата затоа што покажавме доста слабости кои противникот знаеше да ги искористи, да ни направи проблеми што реално не ги очекувавме со оглед на разликата во квалитетот, но и фактот што игравме на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“.

Ние водевме во најголемиот дел од првото полувреме, ама на пауза се замина со резултат 20:20. Естонците беа подобри во првата половина на второто полувреме, во еден период водеа и со два разлика, но избраниците на Лазаров полека се будеа, преземаа контрола, фатија ритам и едноставно го скршија отпорот на противникот за конечен триумф.

Најефикасен во Македонија беше Мартин Серфаимов со десет гола, по седум постигнаа Филип Кузмановски и Марко Митев.

Следниот натпревар ни е против Литванија на гостински терен во недела.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни