Естонија потклеклна во трилер финишот во Приштина, Македонија остана без пласман во квалификациите за СП!

stojanovski-estonija

Пред одигрувањето на последниот меч од претквалификациската група, добро познато беше дека на Македонија и е потребна услуга од Естонија за пласман во квалификациите за Светското кошаркарско првенство, но сепак такво нешто изостана оваа вечер во Приштина каде на големо слават домаќините.

Во интересна и трилер завршница, Косово успеа да ја победи Естонија со 75:69, и тоа пред се благодарение на катастрофалната игра на гостите во последните две и пол минути во кои го испуштија водството кое го имаа. Естонија водеше со 67:64 на две ипол минути пред крајот, но потоа гостинските играчи комплетно потклекнаа во пеколната атмосфера и му дозволија на домаќинот да измаршира кон историска победа и пласман во квалификациите.

Со двете тројки во низа, Косово стигна до посакувано водство, а до крајот го искористија налетот за да дојдат до солидна разлика од шест поени. Со ваквиот расплет, Косово заедно со Естонија ќе патува во квалификациите за ФИБА Светското првенство, додека Македонија ќе треба да крои нов план за реновираање и реконструирање на положбата во која се наоѓа националната селекција во овој момент.

Facebook Коментари