Шпанија
„ЕСПН“ воведе специјална „Мбапе камера“ за дебито на Французинот во Ла Лига
Килијан Мбапе вечерва ќе дебитира за Реал Мадрид во шпанското фудбалско првенство, а американската телевизиска мрежа „ЕСПН“ реши да воведе дополнителна опција за неговите фанови, за гостувањето на шампионот кај Мајорка.
Французинот дефинитивно е една од најголемите светски фудбалски ѕвезди и настапите во дресот на Реал ќе предизвикаат дополнително внимание кон шпанскиот великан, а „ЕСПН“ потврди дека воведува „Мбапе камера“.
Тоа значи дека претплатниците на оваа мрежа ќе можат да си изберат специјална алтернатива на директниот пренос од дуелот меѓу Реал и Мајорка, а тоа би значело следење на натпреварот преку камера која ќе го следи исклучиво Мбапе и секое негово движење на теренот.
– Ќе има посебен пренос со камера фокусирана само на потезите на Мбапе.
– Таа ќе ги следи сите негови движења, спринтови, неговите емоции и ќе го следи по цел терен, – изјавил претставник на „ЕСПН“.
🚨🚨| ESPN is introducing a special ‘Mbappé Cam’ tonight to broadcast his La Liga debut against Mallorca. ⚪📺 pic.twitter.com/cR9KHwDySk
— CentreGoals. (@centregoals) August 18, 2024
Натпреварот Мајорка-Реал Мадрид вечерва започнува од 21:30 часот.
-
Италијапред 16 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 15 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 15 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 20 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 18 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 16 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент