Поврзете се со нас

Англија

„ЕСПН“: Тренери комуницирале со Манчестер Јунајтед очекувајќи сигурен отказ за Тен Хаг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг допрва ќе дознае дали ќе остане на менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, а многумина негови колеги се убедени дека тој нема иднина на „Олд Трафорд“.

По поразот од Манчестер Сити, Јунајтед заостанува 11 бода зад Астон Вила која е на четвртото место во Премиер лигата, а пласманот во Лигата на шампионите е посебно важен за финансиската ситуација во однос на новиот преоден рок и финансискиот фер плеј.

„ЕСПН“ од свои избори дошол до информација дека неколку слободни, но и тренери со ангажман веќе контактирале со Јунајтед преку своите агенти, распрашувајќи се за можноста за евентуална соработка по крајот на сезоната.

Од клубот наводно ги сослушале идеити и визијата на кандидатите, но не се направени конкретни преговори и тоа нема да се случи додека не биде донесена конечна одлука за евентуална разделба со Тен Хаг.

Новиот косопственик Џим Ретклиф досега се консултирал со холандскиот стручњак за идните потези, но ниту во еден момент нема дадено формална гаранција дека Тен Хаг ќе биде менаџер и следната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни