ЕСПН: Солскјер одбил да ангажира играч од Реал Мадрид и има јасни цели за нови опции во нападот

ole-gleda

Еден од најдобрите светски спортски медиуми, „ЕСПН“ од свои извори откри дека Оле Гунар Солскјер ја одбил приликата да го донесе играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл на едногодишна позајмица.

Реал Мадрид на секој можен начин се обидува да се ослободи од велшкиот фудбалер, па би се согласиле да го пуштат да оди на едногодишна позајмица, а потоа да биде разгледана опција за целосен откуп на неговиот договор.

„Ѓаволите“, долго време го следеа Герет Бејл и се интересираа за него, но Солскјер очигледно има поинакви трансфер планови. Норвежанецот несака да купува скапи фудбалери со огромни плати затоа што тоа во минатото се покажа како тотално погрешен потег.

Ниту Радамел Фалкао, ниту Анхел Ди Марија, а ниту актуелниот играч, Алексис Санчез не ги оправдаа големите вложувања, па Солскјер не планира да прави уште еден ваков испад како неговите претходници.

Наместо Бејл, како што пишува „ЕСПН“, Солскјер ќе се обиде да ја засили навалната линија во тимот со Николас Пепе, Муса Дембеле или Рајан Фрејзер. Најсериозен кандидат за облекување на дресот на Јунајтед следната сезона е напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Facebook Коментари