„ЕСПН“ пресмета колку пари заработува Леброн за секоја минута и секоја секунда во жолтиот дрес на Лејкерс

lebron-kisel

Леброн Џејмс ова лето ја направи најголемата сензација во НБА лигата, бидејќи одлучи да стави крај на својот престој во Кливленд, се со цел да преземе еден од најважните чекори во својата кариера со приклучувањето на еден од најтрофејните клубови во НБА лигата.

По долги шпекулации и преговори, Леброн на крајот реши да ја прифати понудата на ЛА Лејкерс, а сега не е никаква тајна дека целта на „езерџиите“ во новата сезона ќе биде одлична игра во плејофот и пласман во големото НБА финале. „Кралот Џејмс“ дефинитивно е најдобра гаранција за остварување на таков успех, а сега пред почетокот на новата сезона, со интересна калкулација излезе угледниот „ЕСПН“.

Медиумот кој секогаш има веродостојни информации за НБА лигата направи пресметка за платата која ќе ја заработува Џејмс во Лејкерс, а во својата вест наведува дека неговиот четиригодишен договор со „езерџиите“ е прогресивен, а тоа значи дека во првата сезона ќе заработува 38 милиони долари, а во последната која е опционална, 41 милион долари.

„ЕСПН“ ја направи оваа студија за да им долови на обичните луѓе за каква фасцинантна сума станува збор, така што ја подели комплетната на заработка според натпревар, четвртина, минута и секунда. За еден одигран меч во жолтиот дрес на Лејкерс, Леброн инкасира 467 илјади долари, за една четвртина 117 илјади долари, за една минута 9.700, а за една секунда 162 долари.

Facebook Коментари