„ЕСПН“ го испофали Барди и најави дека два гиганти се заинтересирани за него

enis-bardi5

Еден од најпознатите спортски медиуми „ЕСПН“ објави сторија во која го испофали нашиот интернационалец Енис Барди и најави дека два европски гиганти се сериозно заинтересирани неговите услуги.

Еве што точно напиша „ЕСПН“ на својата официјална страна на која покрај Барди, место од скаутинг тимот на медиумот добија и Саму Кастаљехо и Џек Грилиш.

Стил на игра

Талентиран плејмејкер. Барди често е на левата страна од средниот ред на Леванте од каде може да се пробие во срцето на теренот за да креира опасни шанси.

Неговата сила лежи во контролата на топката, можноста за дриблинг и знаењето да избере ветувачки позиции пред самиот шеснаесетник. 22-годишниот фудбалер е голема опасност при прекините, а шест од неговите девет голови се постигнати надвор од казнениот простор.

Трпелив натпреварувач, Барди може да ги притисне своите противници да прават грешки. Понекогаш знае да биде и груб, собирајќи десет жолти картони во неговите 30 настапи оваа сезона.

Форма

Барди го имаше еден од најдобрите натпревари во неделата кога Леванте ја победи Барселона со 5:4, со што ги уништи надежите на шампионот за непобедлива сезона.

Македонскиот интернационалец постигна два одлични погодоци, по еден со двете нозе со што ја продолжи серијата од пет голови на последните четири средби.

Во моменталната форма од пет победи со ред на Леванте, Барди беше составен дел на тимот во ветувачкиот крај на сезоната.

На кој клуб би му одговарал ?

Интер и Пари Сен Жермен во моментов го разгледуваат прогресот на Барди, а Леванте планира да направи профит од нивниот 1.5 милиони евра вреден трансфер.

Facebook Коментари