Поврзете се со нас

Мото ГП

Еспаргаро се преплашил за Роси: Ако го погодеше еден од мотоциклите, ова ќе беше најлош ден во историјата (Видео)

Објавено

на

Алеиш Еспаргаро заврши на 11-то место на денешната трка за Големата награда на Австрија, која пред да биде целосно извозена, имаше комплетен прекин поради страшниот инцидент кој го предизвика Жоан Зарко.

Францускиот возач непотребно сопре пред Морбидели при брзина од 300 километри на час и моторите на двајцата се катапултираа во воздухот, а вистинска среќа е што оној на италијанецот заврши неколку сантиметри крај Валентино Роси кој денеска и погледна на смртта во очи.

Легендарниот „Доктор“ беше видно потресен за време на прекинот и по крајот на трката призна дека се соочил со најстрашната и најризична ситуација во кариерата, заклучувајќи дека денеска бил чуван и заштитен од светецот на мотоциклистите. Покрај ова, Италијанецот не се штедеше и доста бурно го нападна Зарко кој можеше да предизвика инцидент со трагични последици, а оваа ситуација навистина сликовито ја доживеа и Еспаргаро кој беше зад Роси во тој момент.

– Јас бев веднаш зад Валентино и ако еден од мотоциклите на Зарко и Морбидели го погодеше, денеска ќе бевме сведоци на најлошиот ден во историјата на Мото ГП. Можеше да биде црно, но за среќа не е. Мора да се каже дека Зарко секогаш е вмешан во некоја ваква ситуација, за среќа, денеска мина без последици.

– Во вакви ситуации, мора да бидете многу внимателни, но Зарко не е. Има возачи во падокот кој не мислат на другите, Зарко секогаш вози над лимитот и не покажува внимание кон другите. Во нашиот спорт, 80 проценти треба да мислиме на себе, а останатите 20 на нашиот противник, – порача Еспаргаро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни