Шпанија
Есиен за чудниот трансфер во Реал: Се симнав од автобусот и пристигнав во Мадрид со тренерка на Челси
Микаел Есиен долги години беше носител на играта во средниот ред на Челси и важеше за еден од најнеуморните играчи за врска во светот, но во периодот кога неговата кариера полека добиваше мал пад, фудбалерот од Гана направи изненадувачки трансфер во Реал Мадрид.
Есиен всушност доби повик од својот ментор Жозе Мурињо и без размислување му се приклучи во шпанската престолнина, но во онлајн вклучувањето кое го имаше на Инстаграм, откри дека во Мадрид пристигнал веднаш по Суперкуп дуелот меѓу Челси и Атлетико Мадрид во 2012-та година.
– Бев со Челси во Монако за Суперкуп натпреварот против Алтетико и ми заѕвони чуден број. Не одговорив, но мојот братучед кој беше со мене, ми порача да одговорам. Повторно заѕвонија и се јавив. Со првото „здраво“, сфатив дека е Мурињо. Почнавме да зборуваме и ми порача дека слушнал за мој трансфер во Арсенал.
– Му порачав дека тоа не е вистина и ме повика да одам кај него. На крајот морав да се симам од автобусот и не го играв натпреварот. По финалето, отидов во соблекувалната и учтиво се поздравив со сите соиграчи. Ги земав само моите копачки. Следниот ден, бев во авион за Мадрид.
– Пристигнав таму со патики, фармерки, маица и тренерка на Челси. На аеродромот ме чекаше Жозе и работата се среди во 24 часа, – открива Есиен.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)