Ешли Барти го освои завршниот ВТА турнир во Шенжен

Esli Barti

Ешли Барти од Австралија е победник на завршниот ВТА турнир кој се одржа во Шенжен.

Таа дојде до четвртиот трофеј во оваа сезона откако во финалната средба славеше над Елина Свитолина со 2-0 во сетови. Барти славеше 6:4, 6:3 по еден ипол час игра со што на најдобар можен начин ја круни оваа 2019 година која дефинитивно е најдобра во нејзината кариера.

Ова за Барти која за првпат годинава дојде до првото место на ВТА лисгата воедно беше 11 титула во досегашната кариера.

Facebook Коментари