Шпанија
Ерупција од емоции: Безвременскиот Навас го одигра последниот натпревар на „Писхуан“ (Видео)
Хесус Навас после 21 година во Севилја го одигра последниот натпревар на „Рамон Санчес Писхуан“, а сосема очекувано, тоа донесе многу емоции и солзи во Андалузија.
Иако го продолжи договорот на крајот на минатата сезона, легендарниот капитен на стартот на оваа сфати дека нема да може да ја доигра цела, сето тоа како последица на хронична повреда на колкот.
Навас пред три месеци откри дека има денови и кога не може да стане од креветот, но и покрај тоа, смогна сили да ја заврши 2024-та година на теренот и достојно да се прости од своите навивачи.
Хесус беше стартер на денешниот натпревар против Селта Виго кој неговата Севилја го доби со 1:0, па така соиграчите се погрижија на најдобар начин да го испратат од неговиот фудбалски храм.
Навивачите на Севилја се погрижија ноќта да биде специјална и незаборавна за играчот со најмногу настапи за Севилја во историјата, клуб во кој Хесус настапуваше во два наврати.
Најпрво беше член од 2000-та до 2013-та година, четири години мина во Манчестер Сити, а од 2017-та година наваму повторно го носеше дресот на матичниот клуб.
Доскорешниот шпански репрезентативец денеска го одигра последниот меч на домашен терен, но всушност последниот фудбалски танц ќе го има на натпреварот против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
🇪🇸❤️ Incredibly emotional day for Jesus Navas. It's his last home game for Sevilla… 🥹 (@LaLiga) pic.twitter.com/s4E5dxHrhj
— EuroFoot (@eurofootcom) December 14, 2024
🔴⚪️ Emotional content by @SevillaFC as Jesús Navas says goodbye after playing his last home game ahead of retirement.
Legend of the club. 🥺👏🏻 pic.twitter.com/Mz3TZcvyi8
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 14, 2024
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија14 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан