Поврзете се со нас

Англија

Ерупција на „Сент Џејмс Парк“: Њукасл ќе игра во финалето на Лига Купот по пауза од 47 години (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Њукасл е првиот патник во финалето на англискиот Лига Куп (Карабао Купот) и тоа откако вечерва по вторпат беа подобри од составот на Саутемптон.

Момците на Еди Хау минатата седмица славеа со 1-0, додека пак вечерва триумфираа со 2-1 и со тоа донесоа огромна радост на „Сент Џејмс Парк“. Лонгстаф даде два гола во 5 и 21 минута, а пак автор на единствениот погодок на гостите беше Адамс во 29 минута.

Ова за Њукасл е прво Куп финале по 1999 година (ФА Купот) и нивно прво Лига Куп по пауза од 47 години, поточно од 1976 година. Со ова популарните „страчки“ испишаа историја затоа што никој досега во историјата на ова натпреварување не чекал толку долго одново да биде во ситуација да се бори за трофејот.

Најверојатно ривал за пехарот на „Вембли“ ќе му биде Манчестер Јунајтед кој го разби Нотингем Форест со 3-0 во првиот дуел на „Сити Граунд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни