Поврзете се со нас

Свет

Ертел погоди тројка со сирената, Реал со драматична победа во Ендеса (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите на Реал Мадрид стигнаа до драматична победа на гостувањето кај Фуенлабрада (85:88) и тоа со тројката на Томас Ертел постигната во последната секунда.

Реал имаше плус четиринаесет по првиот период и навести лесна победа, но пристигна соодветен одговор од домашниот тим, па Фуенлабрада имаше два поена предност на паузата.

Најдраматично очекувано беше во завршницата, Реал имаше плус шест, но Фуенлабрада дојде до резултат 85:85, за гостите од Мадрид да ја искористат последната акција и преку Ертел ги поставија конечните 85:88.

Козер со 19 и Абалде со 15 поени биле најефикасни во редовите на Реал Мадрид, додека Емегано со 27 и Ристиќ со 25 поени се истакнаа во редовите на Фуенлабрада.

Реал е на врвот во Ендеса лигата со ефект 9-1, но Барселона може да се врати на првото место со победа над Валенсија бидејќи досега нема пораз во шпанското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни